Пензионерите го блокираа излезот на Неготино, повторно бараат линеарно покачување од 5000 денари

од Nikola Popovski
194 прегледи

Пензионери го блокираа денеска излезот на Неготино откај Гевгелија, бараат пензионерски права, најниската пензија да биде најмалку 20 илјади денари, линеарното покачување да е по пет илјади денари за секој пензионер.

-Мораме да издржиме и да стоиме на нашите одлуки. Не смееме да се откажеме, нагласи пензионерката Ката Апостолова.

Пензионерот Методи Петров, претседател на Иницијативниот одбор за барање на поголеми права за пензионерите, повика на поголема масовност, за коригирање на неправдата што им е направена на пензионерите.

Новото барање на пензионерите е пензиите сега уште повеќе треба да се зголемат линеарно и тоа да биде 5000 денари поради повисоките цени на храната. Претходно бараа линеарно зголемување на пензиите од 3500 денари.

Покрај основните барања, пензионерите бараат и да се укине членарината која ја плаќаат во Сојузот на здружението на пензионери на ниво на Македонија, бидејќи како што истакнаа, Сојузот работи спротивно на нивните интереси.

Исплатата на зголемените пензии започна од 1-ви октомври. Пензионерите добиваат процентуално покачување од 5,3%. Најмногу добиваат корисниците на највисока пензија, околу 3.700 денари плус. Пензионерите, пак, со најниски пензии добиваат само 700 денари.

Слични содржини