Пензионерите имаат ново барање, најавуваат радикализација на протестите

од Nikola Popovski
205 прегледи

Имавме состаноци со ЕУ каде што бевме примени добро и ги информиравме со нашите барања. Барањата се исти – 5000 денари линеарно покачување, минимална пензија 18 илјади денари, како и промена на Законот за пензиско и инвалидско осигурување. Исто така поднесено е и барање за пензионерите постари од 64 години и пензионерките постари од 62 години да имаат бесплатно лекување, односно да не плаќаат партиципација, рече претседателот на Иницијативниот одбор на пензионерите, Драган Угриновски на денешниот протест пред Владата.

Информира дека доколку не дојде до разбирање од Владата, ќе ги радикализираат протестите.

-Ова е трет мирен протест. Понатаму ќе се состанеме и ќе се договориме што понатаму. Доставивме барање до премиерот Димитар Ковачевски, пренесено е и чекаме договор. Исто така доставивме барање и до претседателот Стево Пендаровски, додаде Угриновски.

Линеарно покачување на пензиите од 3.500 денари и минимална пензија од 18.000 денари, како и промена на методологијата за покачување на пензиите, се главните барања кои пензионерите денеска на нов масовен протест ги искажаа пред Влада, незадоволни од најавеното септемвриско процентуално покачување од шест отсто.

Во меѓувреме, пензионери од повеќе градови како Прилеп, Кавадарци, Битола, Тетово, речиси секојдневно на протести во сопствените градови ги искажаа своите барања и незадоволството од висината на нивните пензии.

Слични содржини