Пензионерите од речиси цела држава го оддржаа ветувањето и дојдоа во Скопје на голем протест. Тие ги повторија своите барања од линеарно, а не процентуално покачување на пензиите, како и изедначување на минималните пензии со минималната плата.
Испратија повеќе пораки од мала бина која беше поставена речиси пред седиштетото на ВМРО-ДПМНЕ, во близина на Министерството за труд и социјална политика.
Порачаа дека нема да се повлечат и да се откажат се додека не им ги исполнат барањата.
Ние сме толку скромни што бараме само 50% од линеарното. Нашето 3500 зголемување годишно за еден пензионери е 42 илјади денари. Овие пари ќе ги искористиме за огрев и за плаќање на електрична енергија или парно или за лековите кои што не оддржуваат во живот, рече една од присутните пензионерки.
Бараат од министерката Јованка Тренчевска да им даде, како што велат, повеќе од 6% зголемување на пензиите, кое е најавено за во септември.
Колкава е разликата меѓу 6 и 78%? Во аптеките и пазарот цените се исти. Никој не не прашува со колку живееме?, порачаа од протестот.
Упатија критики до претседателката на Сојузот на здружение на пензионери дека штрајкувала со работа.
Бараме ревизија на работењето и каде ни оди членарината. Бараме укинување на сојузот, како и укинување на членарините, рече една од пензионерките на бината.