Премиерот Димитар Ковачевски вечерва информира дека со пензионерските здруженија договориле нова методологија на усогласувањето на пензиите.
-Пензиите се економска категорија, а не социјална. Ова е еден од најповолните принципи. Се договоривме пензиите да се зголемуваат и со зголемувањето на просечната плата, но и со зголемувањето на трошоците за живот, со што ќе се зголемат просечно за 5,5 проценти. Ова е значајна реформа и со тоа пензиите нема да зависат од владата, рече Ковачевски на прес-конференција пред Владата, потенцирајќи дека ова е долгорочно решение.
-Oва е швајцарски модел , со што усогласувањето ќе се врши два пати годишно, појасни Ковачевски.
Премиерот додаде дека е предвидена од еднократна помош од 1000 денари за пензионерите во наредните три месеци.