Пензионерите со најниска пензија ќе добијат најмногу, најавен и дополнителен финансиски пакет

од Берта Китинска
1,1K прегледи

Премиерот Димитар Ковачевски а најави дека покрај зголемувањето на пензиите, ќе следува и дополнителен финансиски пакет за помош на околу 330.000 пензионери.

„Во однос на зголемувањето на пензијата, ние веќе имавме едно усогласување кое што се случи и ни следува уште едно усогласување кое што ќе се случи на средината на годината. Дополнително, со оглед на тоа што се работи за година на економска криза, предизвикана од енергетската европска криза, ние веќе правиме анализи за дополнителна финансиска помош за пензионерите која според анализите, ќе биде скалеста, односно оние кои што имаат најмали пензии да добијат најмногу, а оние кои што имаат повисоки пензии соодветно на тоа да добијат дополнителен износ.“ порача Ковачевски.

Ковачевски нагласи дека носењето на оваа мерка ќе биде преку дијалог со цел да бидат задоволени сите страни.

„Анализите се прават, а разговорите започнуваат во петок, бидејќи сметаме дека како со минималната плата која се водеше низ дијалог, така треба да се усогласува и да се направи новата методологија за пензиите, бидејќи тоа е начин во кој што ќе бидат задоволни сите заинтересирани страни, како оние кои што се корисници на пензиите, така и институциите кои што треба тоа решение да го спроведат“ заклучи претседателот Ковачевски.

За предлогот законот за зголемување на пензиите, поднесен од ВМРО-ДПМНЕ, претседателот Ковачевски оцени дека тоа е паушален предлог кој не се базира на никакви анализи.

– Законот којшто ВМРО-ДПММЕ го поднесе, сметам дека е паушален, не знам дали е извадено од глава или од шешир тоа што го предлагаат бидејќи тоа не се базира на никакви анализи. Јас познавам многу еминентни економисти во опозицијата и не верувам дека тие тоа го предложиле, веројатно во некоја ПР служба го предложиле тоа решение, истакна Ковачевски.

Ковачевски посочи дека во изминатите неколку години Фондот на ПИОМ е консолидиран, дека е затворена финансиската дупка што ја остави ВМРО-ДПМНЕ и денес, ПИОМ дури и во време на криза, врши предвремена исплата неколку денови однапред за конкретниот месец.

Слични содржини