Пензионерка му се пожали на премиерот за високите цени, Ковачевски: Секаде се зголемени зашто се води војна во Европа

од Nikola Popovski
137 прегледи

Премиерот Димитар Ковачевски денеска во маркет беше пресретнат и прашан за пензиите од повозрасна потрошувачка во маркетот, која во кусиот разговор, меѓу другото, посочи дека цените се многу високи и скапи се лековите.

-Цените се до плафон, со два денара макарони и јајца еден денар на 99 денари сега ги замрзнавте. Многу тежок дојде животот, ниту лекарства можеме да купиме, рече потрошувачката.

Ковачевски потсети дека се замрзнати цените на дел од производите и најави дека во септември ќе има уште едно зголемување на пензиите. Само овој март, напомена, пензиите беа зголемена за 8,4 проценти.

-Точно е дека цените беа многу зголемени зашто се води војна во Европа и секаде се зголемени, рече премиерот, додавајќи дека е секогаш подготвен и отворен да разговара со граѓаните, како и да одговара на нивни прашања.

Слични содржини