Пензионерка „олеснета“ за 9700 евра преку измама за лажна сообраќајка

од Nikola Popovski
41 прегледи

МВР информира дека повозрасна жена пријавила во полиција дека била измамена од едно лице за сума од 9.700 евра.

Според полицискиот билтен, на 15.05.2025 во 11.25 часот во СВР Скопје, 72-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 9.700 евра. Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски, се претставило како полициски службеник и ѝ кажало дека нејзината ќерка и нејзиниот зет предизвикале сообраќајна несреќа во која прегазиле дете и доколку не сака тие да лежат во затвор требало да плати.

Како што е пријавено, таа парите ги оставила на договореното место, а откако се слушнала со нејзината ќерка сфатила дека била измамена. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини