196
Тетовската полиција информира дека повозрасна жена е тешко повредена откако во неа удрило возило управувано од 36-годишник од Голема Речица.
-Денеска во 14:05 часот во СВР Тетово пријавено е дека на улица „Маршал Тито“ во Тетово, патничко моторно возило „Фиат пунто“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 36-годишниот Б.Н. од Голема Речица, удрило во 68-годишната тетовка М.С. (пешак). Во несреќата. М.С. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.