Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола ги сподели своите размислувања за тимовите кои доминираа во Премиер лигата во различни временски периоди.
„Во 80-тите тоа беше Ливерпул, во 90-тите беше Јунајтед и сега освоивме седум Премиерлиги во последните 11 или 12 години“.
„Но, веќе 50 или 60 години нема ниту еден тим во земја кој секогаш доминирал и контролирал сè. Ќе се обидеме со овој клуб да ја продолжиме нашата доминација што е можно подолго за многу години“, рече Гвардиола, цитиран од БиБиСи.
Утре, 3 март, во натпреварот од 27. коло на англискиот шампионат, „граѓаните“ ќе играат со Манчестер Јунајтед. Натпреварот ќе се одигра на стадионот „Етихад“ во 17 часот и 30 минути.
Манчестер Сити моментално е втор во табелата во Премиер лигата, со еден бод помалку од Ливерпул.