Пеп кон Клоп: Ти благодарам што ме направи подобар тренер

од Vladimir Zorba
366 прегледи

МАНЧЕСТЕР Сити ја освои титулата во Англија на три кола пред крајот на шампионатот. Тоа е негова трета во последните четири сезони под водство на тренерот Пеп Гвардиола.

Меѓу првите кој му честиташе, беше оној што го прекина неговото владеење во Премиер лигата само за една сезона, менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп.

Гвардиола беше воодушевен: „Прекрасно е тоа од него, како и од Карло Анчелоти, кој исто така ми честиташе. Им се восхитувам на двајцата. Клоп е инспирација за мене со години. Од Дортмунд до Ливерпул ме направи подобар менаџер затоа што водејќи ги неговите најголеми ривали Баерн и Сити морав многу да размислувам за натпреварите и ривалите поради него. Ти благодарам многу, Јирген, и навистина го ценам твојот гест“.

Слични содржини