Пеп: Не очекував ваков крај на сезоната

од Vladimir Zorba
34 прегледи

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изјави дека триумфот против Астон Вила е од големо значење за неговиот тим, бидејќи се доближува до обезбедување на пласман во Лигата на шампионите.

Сити, со голот на Нуњез во последните моменти, го совлада тимот од Бирмингем и стигна до третото место на табелата, со натпревар повеќе од најблиските ривали.

„Многу сум среќен. Ова е голема победа за нас, која ќе се покаже само ако успееме да ја потврдиме на следните натпревари. Не треба да си голем стручњак за да дојдеш до заклучок дека Вила е многу добар тим кој го натера ПСЖ да страда и го надигра Њукасл”, изјави Гвардиола.

Тој додаде дека не очекува младите Нико О’Рајли и Матеус Нуњез да играат бекови во последниот дел од сезоната.

„Да ми кажеше некој на почетокот на сезоната дека ќе бркам квалификации во Лигата на шампионите на крајот од сезоната со О’Рајли и Нуњез како бек, немаше да им верувам“, рече Гвардиола.

Сити се уште ги чека натпреварите против Вулвс, Бурнемаут, Саутемптон и Фулам, како и полуфиналето од ФА Купот против Нотингем Форест.

Слични содржини