Пеп: Не знам дали сме подготвени за освојување на Лигата на Шампионите

од Vladimir Zorba
205 прегледи

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изјави дека на „граѓаните“ им претстои многу тежок натпревар вечерва против Базел во средба од 1/8-финалето на Лигата на шампионите.

„Ние се трудиме да го наметнуваме на противникот својот стил на игра од моментот во кој дојдов во тимот. Нивото на противници во Лигата на Шампионите е поголемо. Се надевам дека ќе успееме да го контролираме текот на судирот и да стигнеме далеку“, вели Пеп.

„Не знам дали сме подготвени да ја освоиме Лигата на шампионите. Мојата вера во момчињата е многу висока и тие го знаат тоа. Нашата задача е да се претставиме подобро од минатата сезона, да се квалификуваме за четвртфиналето“.

„Базел дејствува со пет дефанзивци во Лигата на шампионите. Во групната фаза одиграа неколку добри натпревари. Ова е силен тим со висока организација на одбраната. Тие се опасни на контра-напади. Веќе реков на своите фудбалери дека ќе ни биде многу тешко, особено како гости. Но ние сме убедени во себе и мислам дека ќе можеме добро да одиграме тука“, изјави Гвардиола.

Сити и Базел се соочуваат еден против друг на стадионот „Сент Јакоб Парк“ вечерва од 20:45 часот по македонско време.

Слични содржини