Пеп: Нема да го земам Иниеста во Сити, тоа се лаги

од Vladimir Zorba

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола ги отфрли шпекулациите дека може да ја привлече на „Етихад“ живата легенда на Барселона – Андрес Иниеста.

Последниот се збогуваше со фановите на каталонците и по повеќе од две децении во клубот напушта во друга насока, откако станува збор најверојатно за клуб од Кина.

Сепак, се појавија шпекулации дека тој може да се пресели кај новиот шампион во Англија.

„Има многу лажни вести за трансфери. Нема да ги коментирам. Очигледно оваа за Андрес е една од нив. Тој веќе решил за сопствената иднина и одлучи да замине за Кина и да заврши таму со фудбалот“, најави Пеп.

„Потоа треба да се прибере назад во Барселона и да помогне на клубот да ги развие следните генерации, па нема шанси ние да го земеме“, изјави каталонецот.

Слични содржини