Пеп Гвардиола рече дека неговиот тим покажал храброст при новата победа над Арсенал со 3: 0 изминатата ноќ.
По финалето на Лига Купот, Манчестер Сити ги порази „топџиите“ и на „Емирати“ во лигата, покажувајќи одличен фудбал. Запрашан дали ова е најдобриот настап на тимот за време на сезоната, Пеп не беше толку сигурен.
„Постигнавме 3 одлични гола, но во последните 10-15 минути на првото полувреме и во почетокот на второто не бевме на ниво. Во целина, сепак, покажавме храброст и не се опуштавме, уверени од големото водство што го имаме. Важно беше да се сочува предноста од 16 поени и сега ни требаат уште 5 победи“, изјави Гвардиола, изразувајќи пофалби и за Лерој Сане, кој беше избран за играч на натпреварот.
„Тој игра фантастична сезона, и покрај повредата на натпреварот со Кардиф. Тој се врати порано, и иако сè уште не е целосно обновен, тој се претставува прекрасно и сака да помогне. Беше во основата на првиот гол, а освен тоа го постигна и третиот и игра многу силно“, додаде тренерот, кој го одбрани Арсен Венгер и вели дека тој е вистинскиот човек за Арсенал.
„Јас навистина му се восхитувам, но ја разбирам ситуацијата во која живее. Меѓутоа, тој ќе се справи со своето огромно искуство. Тој го познава клубот и Премиер лигата и сигурен сум дека тој ќе ја донесе вистинската одлука“, рече Пеп.