Пеп: По паузата заборавивме да играме фудбал

од Vladimir Zorba
275 прегледи

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, беше многу разочаран од домашниот пораз од 1:2 против швајцарски Базел.

Иако „граѓаните“ се квалификуваа за 1/4-финалето на Лигата на шампионите и натпреварот беше протоколарен, Шпанецот не мисли дека таквиот став е исправен.

„Првото полувреме беше добро, но по паузата заборавивме да напаѓаме и да играме“, изјави тој на прес-конференцијата по натпреварот.

„Како воопшто да не игравме со топката. Втората половина беше вистинска катастрофа за нас. На крајот, важно е дека продолжуваме напред во турнирот“.

„Среќни сме што веќе сме во 1/4-финалето. Ќе видиме што ќе покаже ждребот. Во ова ниво, сепак нема слаби и случајни тимови. Нашите амбиции се големи, но оттука играме натпревар за натпревар и ќе видиме докаде можеме да стигнеме“.

Слични содржини