Пеп сфати дека самоповредувањето не е шега

од Vladimir Zorba
33 прегледи

Утрото е секогаш попаметно од вечерта, па изгребаната глава на Пеп Гвардиола денеска се олади по жешката вечер на „Етихад“.

Сфаќајќи каква порака може да испрати неговото однесување за време на натпреварот од Лигата на шампионите со Феенорд, во кој шампионот на Англија прокоцка предност од три гола, а особено изјавите по натпреварот, трофејниот менаџер на Манчестер Сити ден подоцна и се обрати на јавноста со објава на социјалната мрежа Инстаграм.

„Синоќа при крајот на прес-конференцијата ми беше поставено прашање за гребаницата на лицето и одговорив дека случајно е предизвикана од остар нокт“, пишува во кусиот пост на страницата на ПР тимот на познатиот тренер.

„Во мојот одговор, во никој случај не сакав да тривијализирам толку сериозен проблем како самоповредување. Јасно ми е дека многу луѓе секојдневно се борат со нарушувања на менталното здравје и би сакал да го искористам овој момент за да истакнам еден од начините на кои луѓето можат да бараат помош“, напиша тој и додаде телефонски број и е-пошта на организација која се грижи за менталното здравје на граѓаните на Англија.

Слични содржини