Пеп во солзи поради Агуеро: „Тој многу ми помогна…“ (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
392 прегледи

Пеп Гвардиола не се ни обиде да ги сокрие солзите заради разделбата со Серхио Агуеро. Но, тој се бореше да ги каже зборовите што ги сакаше.

„Го сакаме многу. Тој е … Тој е многу посебна личност за сите нас. Тој е толку добар… “, изјави емотивниот Пеп Гвардиола по мечот за Серхио Агуеро.

Паузата помеѓу зборовите стануваше се подолга и подолга, и беше јасно дека Гвардиола навистина едвај го задржуваше плачот. Не ги криеше ниту солзите.

Дали е тешко затоа што Агуеро е исто така добра личност?

„Тој многу ми помогна… Тој е толку добар“, по што Пеп занеме.

Нема да биде лесно за Манчестер да го замени.

„Не можеме да го замениме. Не можеме … “, изјави Каталонецот.

Слични содржини