Пепе со глава го удри Алиоски: Арсенал заслужи дебакл со „мртва“ игра, но му зеде бод на Лидс

од Vladimir Zorba
436 прегледи

Арсенал играше без енергија и напаѓачки набој и продолжи по системот „топло-ладно“ во Премиер лигата, во кој го победи Манчестер Јунајтед, но потоа одиграа многу лошо против, на хартија, послаб тим.

Од друга страна, Лидс играше поангажирано и поопасно и не би било незаслужено играчите на Марсело Бијелса да постигнат барем два-три гола. На крајот од акциите, но и на крајот од натпреварот им недостасуваше среќа затоа што тимот на Бијелса во тоа време имаше две стативи и пречка.

Nicolas Pepe has had a stinker 🔴

Posted by Goal on Sunday, November 22, 2020

Имаа повеќе играчи скоро на половина натпревар, по исклучувањето на Николас Пепе во 50-та минута, откако неразбирливо го удри со глава нашиот Езгјан Алиоски, но тоа не беше доволно за триумф и крај на лошата серија (една победа и три порази во изминатите четири натпревари до ова реми).

Слични содржини