Перев: Во Македонија се работи за „српскиот свет“ и нема волја да се заштитат правата на Бугарите

Македонскиот Бугарин, кој пријави во полиција дека бил нападнат, го прашува премиерот Мицкоски „зошто Бугарите не можат да го влезат во Уставот, а сите други можат“

од Nikola Popovski
6 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб

Екс-новинарот и член на бугарската заедница, Владимир Перев повторно говорел за бугарските медиуми по неодамнешниот напад врз него кој што го пријавил во полиција. Перев истакнал дека во „Македонија воопшто нема политичка волја за решавање на прашањето за бугарските права“. Според него , „не само што не се работи на уставните измени, туку не се почитуваат ниту основните човекови права“.

-Тие работат за „српски свет“ што ја дели Европа, додал Перев во изјава за „БГНЕС“.

Македонскиот Бугарин оценува дека „мнозинството од населението во земјава не гледа ниту една причина зошто Бугарите во Македонија не треба да бидат вклучени во Уставот“.

-Премиерот на Македонија може да зборува за „фашизам“, „нацизам“, за приказни што ги слушаме сто години, но не може да објасни едно: зошто Бугарите не можат да влезат во Уставот, но сите други можат“, нагласил Перев.

Говорејќи за нападот врз него што го пријавил во полициска станица, екс-новинарот вели дека нема физички повреди и дека му биле скршени очилата, но, истакнува дека му е нарушено достоинството. Пред два дена, Перев добил повик од полициски инспектор: „Ми кажаа дека истрагата е во тек. Ставот беше професионален, иако според мене можеа побрзо да го затворат случајот“.

Слични содржини