Перез бесен по поразот од Барса и промашената сезона: отпишани половина тим од Реал, меѓу нив и две ѕвезди

од Марта Пешевска
1,9K прегледи

Реал Мадрид имаше разочарувачка сезона без освоен трофеј, па сега следуваат големи промени во клубот за следната година. Тренерот Карло Анчелоти го напушта клубот по четири успешни години, а негов наследник ќе биде Чаби Алонсо. Претседателот на Реал, Флорентино Перез, е незадоволен од овој неуспех и одлучил да го засили тимот, особено во одбраната. Веќе е договорено доаѓањето на десниот бек на Ливерпул, Трент Александар-Арнолд, а планирани се и други засилувања.

Но, голем број на промени се очекуваат и во составот на играчите. Перез е бесен поради пропуштената сезона, па шпанските медиуми пишуваат дека се зголемува списокот на отпишани играчи. Во моментов, не е јасно што ќе се случи со Лука Модриќ и дали неговиот договор ќе биде продолжен по Светското клупско првенство, но е сигурно дека некои играчи ќе мора да си заминат.

Првиот на листата е Родриго, кој веќе бара нов клуб. Навивачите се надеваат дека Перез ќе се ослободи од Дани Себаљос и Лукас Васкез, кои не успеаја да се покажат на високо ниво во последното Ел Класико. Но, тоа не е се. Според изворите на „Ас“, Перез планира да се ослободи и од Арда Ѓулер и Ендрик, кои не ги оправдаа очекувањата. Арда Ѓулер, турскиот играч од средниот ред, одигра 39 натпревари оваа сезона, постигна пет гола и запиша девет асистенции.

Но, неговите настапи не беа доволно убедливи, особено во Ел Класико, кога не го покажа својот потенцијал. По само две сезони, Ѓулер може да го напушти Мадрид. Од друга страна, Ендрик, кој пристигна од бразилскиот Палмеирас, одигра 35 натпревари во текот на сезоната и постигна седум гола. Но, и тој не успеа да ги освои симпатиите на тренерот и раководството на клубот, што го стави неговото место во тимот под знак прашалник.

Слични содржини