Перез: Без Суперлига нема иднина за фудбалот

од Vladimir Zorba
284 прегледи

Првиот човек на Реал, Флорентино Перез со својот говор го отвори Собранието на партнерите на Реал и зборуваше за моменталната ситуација во Кралскиот клуб.

Перез зборуваше за последиците од пандемијата врз работата на клубот, зборуваше за женскиот фудбал, кошаркарскиот клуб и новиот Бернабеу, а се осврна и на ситуацијата во тимот и призна дека се уште не се откажува од идејата за Супер лигата.

„Тоа не е само ново натпреварување, тоа е нешто многу повеќе. Тоа се обидува да ја промени динамиката на фудбалот. Тоа е и слобода, така што клубовите се господари на сопствената судбина. Тоа е слобода, финансиски фер-плеј, тоа е проект кој конечно ќе го оствари тоа, бидејќи без него нема иднина за фудбалот. Но, и покрај тоа што многумина шират разни информации, тоа е проект кој би се развивал само доколку е компатибилен со националните лиги. УЕФА ја отфрли секоја наша идеја, им се закануваше на клубовите, ги навредуваше нивните претседатели. Притисоци, само за да се уништи тој проект. Мораме да ја потсетиме УЕФА кој е Реал Мадрид. Нема да попуштиме“, заклучи Перез.

Слични содржини