Перез го заборави Мбапе, подготвен е да плати 120 милиони за најдобриот играч во Серија „А“

од Vladimir Zorba
314 прегледи

Реал Мадрид се раздели со Килијан Мбапе, но веќе го сврте вниманието кон уште еден актуелен напаѓач – Рафаел Леао од Милан.

Според „Газета дело Спорт“, шпанскиот гигант подготвува ексклузивна понуда од 120 милиони евра. Неговата откупна клаузула е 150 милиони.

Според изданието, во наредните денови агентот на играчот Жорге Мендеш ќе има средба со челниците на италијанскиот шампион на која ќе ги информира за потенцијалниот предлог на финалистот во Лигата на шампионите.

Во принцип, Мендеш и Милан се во преговори за нов договор со Леао, а Милан сака тој да биде продолжен на две сезони до 2026.

Сепак, силните настапи на Португалецот ги менуваат работите. Напаѓачот одигра клучна улога во шампионскиот триумф на тимот во Калчото, поради што беше избран за број 1 во Серија „А“.

Слични содржини