Шпанскиот весник Марка објави наслов кој гласеше: „Итна терапија за Мбапе на највисоко ниво“, со што откри некои детали од кризниот состанок меѓу францускиот напаѓач и стручниот штаб на Реал Мадрид.
Проблемот настана бидејќи Мбапе немаше постигнато гол на последните четири натпревари и токму во тој период мадридскиот тим западна во резултатска криза. Прво едвај го поминаа Реал Сосиедад во Копа дел Реј, па загубија од Валенсија на домашен терен, а потоа едвај го победија Алавес. Целата серија на лоши резултати беше „зачинета“ со дебаклот против Арсенал.
Во пресрет на утрешниот реванш со Арсенал, а по мечот со Алавес на кој Мбапе доби директен црвен картон во 38. минута и со тоа ги остави соиграчите на цедило, челниците на Реал Мадрид го повикаа Французинот на итен состанок.
Како што пишува весникот „Марка“, „на Реал Мадрид му требаат сите што можат да му помогнат да постигнат уште едно чудо во Лигата на шампионите. Камбекот против Арсенал зависи од сите поединци, а најмногу од последното засилување на Реал Мадрид. Затоа тренерот и претседателот му кажале на Французинот дека против Арсенал им треба верзијата од него што го исфрли Манчестер Сити од Лигата на шампионите. Мбапе се извини за црвениот картон против Алавес, но тоа не е доволно за Реал Мадрид“.
Напишано е следново: „Мбапе дојде во Реал да биде клучен играч и да ја освои Лигата на шампионите, но реалноста е дека и покрај неговите добри бројки (32 гола и четири асистенции на 48 настапи оваа сезона), тој имаше моменти на слабост. Реал сега се обидува да го спречи да биде невидлив дури и во најважниот меч на Мбапе за Реал. Затоа Флорентино Перез имал посебна порака за Французинот.
Анчелоти истакна дека вредноста на Мбапе доаѓа од неговите голови затоа што неодамна беше истакнат дека не помага во одбраната. Тренерот не очекува да трча од првата до последната минута, но мора да работи. Од Мбапе беше побарано да ги остави сите проблеми на страна. „Целта што му ја поставија е да ја освои Лигата на шампионите, а тоа значи дека треба да го победи Арсенал за да го надомести тешкиот пораз во Лондон“.
Инаку, Килијан Мбапе (26) минатото лето дојде во Реал од ПСЖ без обештетување, но е многу скап за тимот од Мадрид. Се говори дека само за потпишување на договорот со Реал добил 125/150 милиони евра, а тоа наводно се плаќа на пет годишни рати. Дополнително, неговата годишна плата во Реал наводно е 30 милиони евра, а бонусите за тоа време се околу 40 милиони.