Перез има пеколен план! Реал зема двајца врвни играчи бесплатно

од Vladimir Zorba
164 прегледи

Реал (Мадрид) на лето ја заврши својата активност на трансфер пазарот. Во клубот се приклучија Килијан Мбапе и бразилскиот тинејџер Ендрик.

Откако ги комплетираше трансферите за тековната сезона, претседателот на Реал, Флорентино Перез веќе почна да прави планови за следното лето.

Кралскиот клуб им дал инструкции на двајца играчи да не ги продолжуваат договорите со своите клубови, туку без пари да се преселат во Мадрид во 2025 година.

Тоа се десниот бек на Ливерпул Трент Александер-Арнолд и левиот бек на Баерн Алфонсо Дејвис.

Реал моментално е добро обезбеден на овие простори, а клубот ги има Дани Карвахал и Лукас Васкез на десната страна, како и Ферланд Менди и Фран Гарсија на левата страна.

Слични содржини