Претседателот на Реал, Флорентино Перез одржа говор на генералното собрание на мадридскиот клуб. Тој повторно го најави почетокот на Супер лигата и зборуваше за набиениот распоред на натпревари, а се осврна и на Златната топка, наградата за најдобар светски фудбалер, која годинава му припадна на Родриго од Манчестер Сити.
Многумина очекуваа таа ја добие напаѓачот на Реал, Винисиус Јуниор. Кога во Мадрид дознаа дека тоа нема да се случи, го бојкотираа доделувањето на наградата во Париз.
„Да не беа Намибија, Уганда, Албанија и Финска, Винисиус ќе ја добиеше Златната топка. Гласаат луѓе кои не знаат за него. Тие земји не му дадоа ниту еден глас“, рече Перез и додаде „Ниту еден глас! После тоа барем финското жири поднесе оставка. Го ценам тоа“.
Родри ја освои Златната топка пред тројца играчи на Реал Мадрид: Винисиус, Џуд Белингем и Дани Карвахал.
„Мораме да ги прашаме организаторите кои се критериумите, но јасно е дека можат да прават што сакаат. Би ги прашал Франс Фудбал и Л’екип дали има смисла да ги здружат силите со УЕФА. Гласањето за Златната топка треба да биде независно и да вклучува познати личности“, рече Перез и продолжи:
„Изненадувачки е што, бидејќи фудбалот е глобален, новинарите од земји со голема популација како Индија не гласаат. Родриго ја има нашата почит, тој ја заслужи Златната топка. Ама не оваа, мораше да ја добие играч на Реал, без разлика какви критериуми се применуваа. Требаше да ja земе Винисиус, но можеше да му припадне и на Карвахал. Тешко е да се објасни. УЕФА соопшти дека тие не влијаеле на гласањето.
Го сменија системот на гласање, од пет играчи на десет, а бројот на бодови од шест на 15. Изненадувачки е што, бидејќи фудбалот е глобален, не гласаат новинари од земји со голема популација како Индија, туку од други со помалку од милион жители“, заклучи Перез.