Перез ладно го одби Анчелоти, но Италијанецот нема долго да се лути…

од Nikola Popovski
335 прегледи

Флорентино Перез веќе многу пати покажа колку е вешт менаџер, односно претседател, и како може да состави мега-тим без преголеми откупнини.

Имено, Перез во последните неколку преоден рок носи големи ѕвезди без да плаќа откуп. Секако, играчите кои доаѓаат се свесни за се, па во договор со првиот човек на Реал го завршуваат договорот, а потоа земаат многу поголема плата.

На истиот принцип, Перез го составува тимот веќе за сезоната 2025/26, кога ќе донесе уште двајца одлични играчи – бесплатно и тоа Трент Александер-Арнолд од Ливерпул и Алфонсо Дејвис од Баерн.

Договорите на двајцата фудбалери со нивните актуелни клубови истекува на крајот на сезоната. Александер-Арнолд е во фаза на преговори со Црвените за продолжување на соработката, но секако ќе ја чека понудата на Реал. Затоа што без разлика на се, сепак се работи за Кралскиот клуб.

Треба да се нагласи дека Перез има подготвена замена во случај Англичанецот да реши да остане на „Енфилд“. Шпанскиот шампион ќе се сврти кон доведување на холандскиот репрезентативец Џереми Фримпонг од Баер Леверкузен.

Од друга страна, сигурно е заминувањето на Алфонсо Дејвис од Баерн. Канаѓанецот не успеа да се договори за нов договор, бараше премногу и од лето ќе има бесплатни хартии. Само по желба на Реал. Реал долго време се поврзува со брзоногиот лев бек. Сега приказната треба конечно да заврши, а се да биде потпишано веќе во јануари.

Патем, потврдата за сите размислувања на Перез е јасна и од овој пример. Односно, одлуката да не се бара замена за повредениот Дани Карвахал. Имено, Анчелоти побарал замена, но првиот човек на Реал категорично го одбил.

„Реал Мадрид нема да донесе засилувања во јануари. Клубот има целосна доверба во Лукас Васкез, Едер Милитао и Антонио Рудигер, кои можат да ја покријат позицијата десен бек, а се враќа и Давид Алаба, па нема да има потреба од доведување на нов стопер“, напиша шпанскиот новинар Хозе Луис Санчез.

Слични содржини