Перез: Малку ми се четири Шампионски лиги со Реал

од Vladimir Zorba
324 прегледи

Четири трофеи во Лигата на Шампионите се малку, изјави претседателот на Реал (Мадрид), Флорентино Перез, кој сака да освои уште две, за да се израмни со легендата Сантијаго Бернабеу. Шпанците најверојатно ќе се квалификуваат во полуфиналето на најпрестижниот клубски турнир и ќе бркаат трет трофеј.

„Достигнувањето на Бернабеу е она што ние се обидуваме да го повториме. Сакаме да ги следиме неговите чекори. ФИФА го одреди Реал Мадрид за најдобар клуб на 20 век, а ние сакаме истото признание и за 21-виот“, изјави Перез за „Газета дело Спорт“.

Реал Мадрид го победи Јувентус со 3:0 како гостин и е речиси сигурен учесник во полуфиналето, а вечниот ривал Барселона победи со 4:1 против Рома во првиот натпревар.

Перез е категоричен дека Реал не се плаши од каталонците и е подготвен за битка за трофејот на 26-ти мај во Киев.

Слични содржини