Перез: Не знам кој е Погба

од Nikola Popovski

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, даде интервју по победата на Кралскиот клуб во Суперкупот на Шпанија.

На крајот од интервјуто, новинарот не заборави да го праша Перез за една од трансфер целите на Реал Мадрид, Пол Погба. „Не знам кој е Пол Погба!“, одговори претседателот на „белиот балет“, а потоа се насмевна на човекот кој му го постави прашањето.

Пол Погба е поврзуван со трансфер во Реал Мадрид цело лето, откако Зинедин Зидан сакаше да изгради тим за да се избори за трофејот во Лигата на шампионите. Манчестер Јунајтед одби да се раздели со францускиот играч од средниот ред и Зидан мораше да работи со тоа што го имаше на располагање. Ова доведе до подемот на Федерико Валверде, при што Уругваецот ја освои наградата Играч на натпреварот против Атлетико Мадрид.

Играчот беше избркан за влез во нозете на Алваро Мората, но неговиот настап претходно беше на највисоко ниво.

„Валверде ќе биде една од sвездите на Реал Мадрид во блиска иднина“, рече Флорентино Перез.

Слични содржини