Перез веќе одлучил кој ќе биде нов тренер на Реал

од Stefanija Kuzmanovska
413 прегледи

Актуелниот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, ја сака, како што тврдат медиумите, позицијата селектор на Франција, што може да се постигне по завршувањето на Европското првенство.

Веста за големата промена на клупата на Реал пристигна од Италија – Флорентино Перез одлучи следниот тренер да биде Масимилијано Алегри и во негова корист е и Зидан да сака да си замине.

Наводно, веќе е постигнат договор и чекаме крај на сезоната за официјализирање на соработката. По заминувањето од Јувентус, Алегри е без работа две години.

„Мундо Депортиво“ пред неколку дена ја објави веста дека во соблекувалната на Реал имаат чувство дека легендарниот Французин заминува на крајот од сезоната, бидејќи се однесува како пред неколку години кога ја напушти позицијата за прв пат.

– Репрезентацијата на Франција е целта и тоа го кажав кога пред десет години започнав да тренирам. Сепак, сè уште сум во Реал и ќе видиме што ќе се случи во иднина – изјави неодамна Зидан.

На конференцијата пред мечот со Севиља, на прашањето што мисли за можната промена што се споменува во медиумите, Зизу кратко рече: „Дефинитивно нема да му направам проблеми на Реал. Засега, сепак, би сакал да се сконцентрирам на преостанатите четири натпревари во шампионатот, па ќе видиме што ќе се случи“, истакна францускиот стручњак.

Слични содржини