Перформанс и предавање на уметницата Дилејн Ле Бас во МСУ – Скопје

од Stefanija Kuzmanovska
180 прегледи

Утревечер, на 1 февруари, во 20 часот, во Музејот на современата уметност – Скопје предавање и перформанс ќе одржи британската уметница Дилејн Ле Бас. Разговорот со неа ќе го води уметникот Никола Узуновски.

Перформансот се однесува на уметничка практика на Ле Бас, претставена преку проектот„Архивата на Куќата“.

Неколку нејзини уметнички дела се составен дел од веќе отворената изложба „Се што ни е заедничко“, во МСУ Скопје, која е реализирана во рамки на проектот Манифеста 14 Приштина – Западен Балкан.

Настанот се организира со финансиска поддршка на Британската Амбасада во Скопје.

Дилејн Ле Бас е британска уметница на вкрстени дисциплини и создава инсталации, перформанси, фотографии и филмови. Таа е една од шеснаесетте уметници кои се дел од Изгубениот рај, Првиот ромски павилјон на Биеналето во Венеција од 2007 година. Нејзините дела се вклучени во Биеналето во Венеција од 2007 година, Биеналето во Прага 2005 и 2007 година, Биеналето Гвангју 2012 година, Националната галерија на уметност Зачета 2013 година, MWW Музеј на современа уметност Вроцлав 2014 година, третото издание на проектното биенале за современа уметност D-O Арк Андерграунд Босна и Херцеговина 2015 година, Биеналето Оф, Будимпешта 2015 година, Проширено меѓународно биенале за современа уметност во Гетеборг.

Слични содржини