Перформанс на уметникот Тревис Алабанза

од Vladimir Zorba
76 прегледи

Вечерта во Кино Култура од 20:30 ч. со перформанс на Тревис Алабанза, небинарен трансродов уметник кој ги поставува стандардите и патоказите за иднината на квир перформансот, во рамките на Недела на Гордоста. Алабанза ќе се претстави со мултимедијалниот перформанс Пред да излезам (ме сакаш).

После перформансот, Викендотна гордоста ќе се затвори  со Ди Џеј сет на Соња Сајзор, и спектакуларно дрег шоу на 3 дрег кралици од Белград – дуото Хаус на К.Г. (КејЏи) и дрег кралицата Острога Ми.   

Травис Алабанза е изведувач, писател и драматург кој живее во Лондон. Во изминатите две години се утврди како еден од најпроминентните нови квир гласови во Обединетото Кралство и ширум светот, со резидентен престој во галериите Тејт, настапува во Јубилеј во театарот Лирик Хамерсмит, а заврши и едномесечна тура низ колеџите во САД. Делата на Алабанза се издадени во ДејздАјДиГардијанБиБиСи, списанието ХакГеј Тајмс, со изведби во ТејтРаундхаусВ&A, Институтот за современи уметности (ICA) и многу други.

 

Соња Сајзор е трансфеминисткаорганизаторка на настани, кант-авторка, уметничка директорка, диџеј и мултидисциплинарен визуелен уметник чии алатки за уметнички израз се шминката, костимографијата, графичкиот дизајн, фотографијата, филмот и перформансот.  

Skopje Pride Weekend 2018 е реализиран со несебичната поддршка на Heinrich-Böll-Stiftung, Фондација Отворено општество – Македонија, Министерство за култура, Европската унија и Civica Mobilitas.