Пери Едвардс потврди дека Зејн Малик и раскинал преку смс порака

од desk2
255 прегледи

Пери Едвардс конечно потврди дека нејзиниот поранешен вереник Зејн Малик ја прекинал нивната свршувачка.

395ae81000000578-0-image-a-22_1476688211252

Во едно експлицитно поглавје од новата книга на групата “Little Mix” пејачката раскажува за начинот на кој тој го направил тоа.

“Тоа беше ужасно, најлошиот период од мојот живот. 4 годишна врска, 2 годишна свршувачка завршија со една обична смс порака. Токму така. Иако мојата кариера напредуваше навистина добро, тоа беше неверојатно тешко за мене” пишува таа.

397317c700000578-0-image-a-17_1476688107342

Меѓутоа Зејн претходно ги негираше гласините дека тој и раскинал на Пери преку порака.

“Ако може да зборувате токму на овој начин, јас би бил многу благодарен. Јас имам повеќе почит кон Пери, за да прекинам било што преку текстуална порака. Јас многу ја сакам и секогаш ќе ја сакам и никогаш не би ја прекинал нашата 4 годишна врска на таков начин. Таа го знае тоа, јас го знам тоа и јавноста треба да го знае тоа исто така. Не сакам да објаснувам зошто или што направив, само сакам јавноста да знае дека не го направив тоа” изјави тој за списанието “Fade”, минатата година.

3963200100000578-0-image-a-19_1476688136547

 

Денес, Малик е среќно заљубен и тоа веќе една година со супермоделот Џиџи Адид, додека пак Пери е во врска со Лук Паскалино.

395b274c00000578-0-image-a-23_1476688310530