Според Перински, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска ќе има доста за објаснување во однос на постапката за тендерот за избор на изведувач на пречистителната станица Скопје.
Тој на својата фејсбук страница напишал дека ЕИБ ја демантира Арсовска и потврдува дека секој чекор на кавното претпријатие „Водовод и канализација“ е во согласност со правилата и процедурите.
-ЕИБ заклучува оти од почетокот на проектот се почитувале условите и преземените обврски за исплата на средствата и оти набавките се спроведени во согласност со водичот за набавки на ЕИБ и во согласност со одобрената стратегија за набавки. До денес, Комитетот за евалуација, потпомогнат од искусен тим, од меѓународни консултанти, ги извршуваше своите задачи на посветен начин. Обидите да се ревидира стратегијата за набавки, без соодветно оправдување во оваа фаза од процесот на евалуација, или неусогласеноста со важечките принципи за доверливост, може да предизвика значително одложување во процесот на набавка и на тој начин може да ја загрози достапноста на средствата – посочува Перински.