Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, информираше дека измените на Законот за локална самоуправа добиле едногласна поддршка во надлежните собраниски комисии и се очекува законот да биде усвоен до средината на јуни.
Како најважни промени ги посочи:
-
Намалување на потребниот број граѓани за покренување иницијатива за референдум за отповикување на градоначалник, од 10% на 5%.
-
Обврска Општините јавно да ги објавуваат информациите и записниците од седниците на Советот на нивните веб-страници.
-
Можност Општините да формираат единици за комунален ред и инспекција.
-
Во градските општини ќе се воведе функција главен архитект за подобро урбанистичко планирање.
Перински истакна дека сите измени се во согласност со препораките на Венецијанската комисија и Европската повелба за локална самоуправа, со цел зголемување на транспарентноста, отчетноста и демократијата на локално ниво.