Перински: Комуналната полиција ќе биде облигаторна работа за градоначалниците

од Nikola Popovski
47 прегледи

Комуналниот надзор треба да биде под интегеренции на локалната самоуправа и да се доуреди со Законот за комунални дејности, но, како обврска ќе ја имаат градоначалниците во иднина. Оттаму сакаме да ја имплементираме во новото предложено законско решение, вели министерот за локална самоуправа, Златко Перински за новитетите што треба да ги има во новиот Закон за локална самоуправа.

Според него, целта на измените на законот е превенција на девијантната појава на мала група на граѓани кои секојдневно го депонираат отпадот и несоодветно постапуваат со урбаната опрема на локалните самоуправи.

-Комуналните редари и сега се предвидени во Законот за комунални дејности, но, секако ќе ги предвидиме во Законот за локална самоуправа. Тоа ќе биде облигаторна работа која што ќе мора да ја извршуваат градоначалниците. Нема веќе да имаат можност дали сакаме или не сакаме да ги интензивираме овие комунални надзори. Мораме да бидеме внимателни и сите заедно да се грижиме за јавното добро, рече Перински при посета на општина Битола.

Воведување комунална полиција најави уште пред неколку години екс-градоначалникот Петре Шилегов, но ова негово размислување не се исполни бидејќи потребни беа законски измени и носење нов закон. Иако оваа нова служба беше предвидена во Програмата на претходната Влада 2020-2024 во делот за животна средина како проект кој ќе започне да функционира уште во 2021 година, сепак, ниту три години подоцна, на улиците нема комунални полицајци.

Слични содржини