Перински кон Арсовска: Ние интерно можеме што сакаме да си кажеме, но со европски банки не можеме да си играме

од Берта Китинска
284 прегледи

Да не си играме со паушални обвинувања, затоа што ова може да го загрози проектот за кој државата добила 72 милиони евра. Зошто сум разрешен? Можеби градоначалничката ќе додаде. Јас апелирам дека ги отфрлам сите обвинувања кои ги прочитав во медиумит, вели разрешениот директор на Водовод, Златко Перински, на прес-конференција на која присуствуваше и градоначалничката Данела Арсовска објаснувајќи дека нема причина да го тргнат од функцијата.

-Ние интерно можеме што сакаме да си кажеме, но со европски банки не можеме да си играме, кажа Перински пред Арсовска.

Постои можност, поради јавно објавени информации кои се тајни и за кои треба посебни сертификати за доверливост, Македонија и Град Скопје да го изгубат грантот.

– ЕБОР се загрижени од саботата бидејќи се пласираа доверливи информации во јавност. Ниту јас, ниту друг субјект, нема право, ако нема изјава за доверливост, да учествува во ова. Затоа банките се загрижени. Утринава јас разговарав, ама не знам што ќе се случува во иднина. Ова се кредити кои ние како граѓани треба да ги вратиме. Има ризик да го изгубиме грантот, кажа Перински.

Тој ѝ порача директно на Арсовска која му најави кривична пријава „ако не ми поднесете кривична пријава, и кажувам пред вас, дека ќе треба да ми се извините“.

Градоначалничката на денешната прес-конференцијата рече дека ја подготвиле потребната документација со сите индиции што ги имаат против разрешениот директор на Водовод.

Како што истакна таа, индициите се однесуваат на тендерот за прочистотелна станица, без да изнесува повеќе детали и јасно да прецизира дали имало кривично дело или не.

Слични содржини