Перински: Над 1.200 општински проекти ќе се реализираат со поддршка од Владата

од Љубиша Владимиров
14 прегледи

Вкупната вредност на проектите поднесени од сите 80 општини на двата јавни повика на Владата ќе надмине 20 милијарди денари, изјави министерот за локална самоуправа Златко Перински за време на работната посета во Кавадарци заедно со премиерот Христијан Мицкоски.

Според Перински, проектите се главно насочени кон подобрување на патната инфраструктура, заштита на животната средина и унапредување на образовните институции. Од првиот повик се реализираат 288 проекти, од кои голем дел се веќе завршени, додека на вториот се поднесени 887 проекти, што ја носи вкупната бројка на над 1.200 апликации.

Министерот најави дека само за првиот повик се склучени договори вредни 4,6 милијарди денари, а за вториот досега се поднесени барања вредни околу 16 милијарди денари. Премиерот Мицкоски истакна дека овие 1.200 проекти претставуваат „1.200 градилишта низ Македонија“, што го нарече историски момент и важен чекор за подобра иднина.

Слични содржини