421
Златко Перински од ВМРО-ДПМНЕ e нов в.д. директор на ЈП Водовод и канализација Скопје.
Тој е поранешен член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и шеф на кабинетот на лидерот на партијата, Христијан Мицкоски.
Перински е магистер по менаџмент за човечки ресурси со менаџерско искуство во приватниот сектор, а има искуство и како дел од раководниот тим на Спортскиот центар Борис Трајковски.
Перински има работно искуство во повеќе успешни компании со подружници во 7 европски земји, управувал со застапништва на германска и на грчка компанија.