263
Периодот за ловење на диви свињи се продолжува до 31.03.2022 година под посебни услови, и во дозволените региони, информира синоќа министерот за земјоделство и шумарство, Љупчо Николоски.
Тој информира дека одлуката е согласно мерките преземени од страна на Владата и Агенцијата за храна и ветеринарство, а со цел спречување и ширење на африканска чума кај свињите која е присутна во две одгледувалишта во нашата држава.
-Состојбата со оваа болест внимателно се следи од страна на МЗШВ и Агенцијата за храна и ветеринарство и се преземаат сите потребни мерки за навремено спречување и санирање на оваа зараза, објави министерот.