Перо Камиказа ќе се кандидира за претседател на земјава на следните избори

од Nikola Popovski

Музичарот Петар Георгиевски – Камиказа денеска најави дека ќе се кандидира за претседател на Македонија на следните претседателски избори во 2024 година. Тој истакна дека не се откажува од политичките амбиции.

-На локалите избори за градоначалник на Скопје ме поддржа само една помала политичка партија, истрчав без буџет, ме имаше само на три билборди, медиумите ме игнорираа, изборната битка меѓу големите етаблирани партиски сили беше нерамноправна и во такви услови освоив над 25.000 гласа со 800 евра Буџет. Буџетот на Данела и Шилегов беа огромни. Тоа ми дава сила да не се откажувам од политиката, вели Георгиевски во интервјуто за „Слободна ТВ“.

Георгиевски се кандидира за градоначалник на Скопје на последните локални избори со поддршка од опозициската партија Левица.

Тој на пошироката македонска јавност и е познат како член на групата „Меморија“.

Слични содржини