Перо Камиказа се премисли: Сепак решив мојот глас да го дадам за Данела

од Nikola Popovski

Откако вчера рече дека би гласал за Петре Шилегов, денес кандидатот на Левица за градоначалник на град Скопје, Петар Георгиевски – Камиказа се премисли.

-Под „притисок“ на ДПМНЕ, сепак решив мојот глас да го дадам за Данела. Но, победник на овие изборни има само ЕДЕН. ЈАС!, објави Камиказа на Фејсбук.

Во вечерашната дебатна емисијата „24 анализа“, на прашањето за кој би гласал, доколку не бил кандидат, кандидатот на Левица категорично рече дека би го доделил гласот за актуелниот градоначалник Петре Шилегов.

-За Шилегов, рече Камиказа на прашањето на новинарот.

Тој тоа го изјави во присуство на другите кандидати за градоначалници за град Скопје.

Слични содржини