Апелацискиот совет на Врховниот суд на Перу денеска ја потврди одлуката поранешниот перуански претседател Педро Кастиљо да остане во притвор 18 месеци до крајот на истрагата за обвинението за обид за организирање државен удар.
Претходно овој месец, пратениците го отстранија Кастиљо од функцијата, а потоа го уапсија поради обид за незаконско распуштање на Конгресот, објави „Ројтерс“.
Кастиљо од затвор повика на протести против новата влада, тврдејќи дека се уште го има мандатот на народот и се смета себеси за легитимен претседател.