Перу: Стотици евакуирани по ерупција во вулкан

од desk2
142 прегледи

Властите во Перу евакуираа повеќе стотици луѓе кои живеат во близина на вулканот Убинас, откако почнал да исфрла пепел.

Националниот институт за цивилна заштита наредил евакуација на околу илјада луѓе во регионот Мокенгва, откако бил исфрлен пепел и до 25 километри околу вулканот поради две експлозии.

Во градовите околу вулканот била откажана училишната настава, а на жителите им се поделени маски и очила како заштита од пепелта.

Убинас е најактивниот вулкан во Перу.