Пешачењето во место е исто толку ефикасно за губење килограми како и пешачењето на отворено

од Stefanija Kuzmanovska
538 прегледи

Без оглед дали пешачите во место или го правите тоа од едно до друго место, движењето ви помага да изгубите вишок килограми и да се чувствувате подобро и поенергично.

Секоја форма на движење во текот на денот може да ви даде енергија и да ве одржи активни. Меѓутоа, можете да согорите калории и ако пешачите во место дома, пишува „Indian Express“.

Според експертите, 30-минутната прошетка во место согорува калории. Основата на согорувањето на калориите е движење, без разлика дали тоа е на едно место или одење по одредена патека.

„Клучот за слабеење е да го зголемите срцевиот ритам. Мускулите работат и го намалуваат стресот и напорот. Согорувањето калории не бара никаква опрема, што е плус за сите оние кои ја немаат или не сакаат да трошат пари за тоа“, рече Утсав Гош, фитнес тренер.

Според Светската здравствена организација, треба да се движите 150 минути неделно. Без разлика дали станува збор за умерена или интензивна активност, тоа помага да се спречат хронични состојби, особено кардиоваскуларни болести, дијабетес тип 2, дебелина и некои видови на рак.

Слични содржини