Пешачки мост се урна на автопат во Вашингтон, има повредени (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
219 прегледи

Пешачки мост денес се сруши во Вашингтон, при што беа повредени најмалку шест лица, пренесуваат американските медиуми.

Според првите информации, во несреќата се повредени шест лица. Еден камион бил заглавен под урнатините, а опасност претставува истекување на гориво од него.

Полициските и спасувачките служби се на терен, а четири лица се пренесени во локалната болница.

На социјалните мрежи може да се види видео на кое се гледа срушениот дел од патот и камионот, кого спасувачките екипи се обидуваат да го извлечат.

Слични содржини