Пешак тешко повреден на влезот во Скопје

од Берта Китинска
456 прегледи

А.Т. (76) е тешко поврден откако во него утрово удрил камион додека го преминувал булеварот „Александар Македонски“ на влезот во Скопје.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, со товарното моторно возило „фолксваген транспортер“, со скопски регистарски ознаки, управувал Е.К. (32) од скопското село Батинци.

Според МВР, А.Т. бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде му се констатирани повредите.

СВР Скопје изврши увид на местото на настанот.

Слични содржини