Пешев проценува дека ќе влеземе во ЕУ за 15 години

од Nikola Popovski

Антони Пешев, извршен директор на Стопанската комора, на денешниот панел „Регионалните иницијативи и европската интеграција“ истакна дека се стекнува впечаток дека најголем дел од иницијативите, како на пример „Отворен балкан“, се чисто политички и дека се измислени во кујните на политичките елити и во изминатиот период тие биле направени само за да се покаже дека нешто се случува.

-Можеби политички изгледа дека Отворен Балкан е растурање на глобалната иницијатива и филозофија на наше приклучување кон ЕУ, но бизнисот, животот, не може да чека, тоа мора да го имаме предвид кога разговараме за политичките трендови, вели Пешев.

Тој истакна дека пред 20 години бил голем оптимист за нашата европска интеграција, а пред 15 години почнал да имам дилеми за нашето европско интегрирање.

– А денес кога ги анализираме роковите во кои ние би влегле во ЕУ се споменува годината 2030 како оптимистичка година, но моја проценка е дека тоа ќе биде за 15 години. Клучното прашање што се поставува е што да правиме дотогаш? Како да се развива Македонија која според интенциите да ја стигне Европа во своите економски заложби го допре плафонот. Плафонот не е поставен само политички, плафонот е поставен и од аспект на тоа колкав е пазарот на кој вие можете да го развивате својот бизнис, рече Пешев.

Тој нагласи дека Северна Македонија и натаму има една држава од ЕУ со која има извонредни економски односи, тоа е Германија, а факт е дека втората држава со која има добра економска соработка е Србија.

– И во таквата варијанта гледајќи што се случува во регионот, во Комората сфативме дека важно е да имаме феноменални комуникации барем со нашето најблиско опкружување, оцени Пешев.

Слични содржини