Пешев: Владината помош во делот на платите беше важна мерка и помогна во тешкиот период

од Aleksandar Petrovski

Во отвореното студио 24 Анализа стопанственикот Антони Пешев истакна дека пандемијата предизвика тектонски промени во економијата. Овој тип на негативна кампања не допринесува на никого и треба да бидеме одговорни и дисциплинирани и да ги почитуваме препораките.

„Нашата комисија не измислува топла вода во болјер, туку ги копираат светските. Цело време народот се потсмева на социјалните мрежи дека фаќала по 23 часот. Таа мерка е врзана со немоноста да контролира ситуацијата во кафаните и баровите. Видовме дека кога се отворија, не се почитуваше ништо. Видовме луѓе качени на маса со музика и видни политичари кои си дозволија луксуз да отвараат кафани, кога не треба да се отвараат.“ – рече Пешев.

Посочи дека е јасно како се пренесува вирусот и во услови на гужва во затворен простор ја зголемува трансмисијата, рече Пешев.

Пешев смета дека владината помош во делот на платите била важна мерка и им помогнала во тешкиот период. Овој ребаланс има најголем буџетски дефицит.

„Не можеме преку ноќ да го надополниме тоа што е ни се случи во услови кога продолуваме да се задолжуваме. Четвртиот пакет на мерки се доблиува до она што реално ни се случува. Трите претходни мерки личеа на гасење на пожар за кој не знаеме од каде дошол.“  рече Пешев.

Пешев рече дека она што го правела техничката влада и она што го прави сегашната не се разликува многу, освен што сегашната има врзани раце. Нам ни треба функционален параметар за носење на тврди мерки, рече Пешев.

Слични содржини