Никогаш никој системски не се нафатил да го реши проблемот со бездомните кучиња следејќи ги нашите препораки и совети, вели за Стандард Радмила Пешева од здружението за заштита на животните „Анима Мунди“.

– Здружението има аболиционистички пристап кон правата на животните, што значи дека ние се залагаме за тотално ослободување на животните од човечка експлоатација за било каква намена, нивна слобода да живеат според карактеристиките на својот вид без да бидат третирани како нечија сопственост и за ресурси. Следствено на тоа, исто така, сме против трговија со животни и создавање на раси со намена тие да бидат нечиј миленик. Затоа толку го фаворизираме вдомувањето на улични кучиња и мачки и предлагаме механизми за тоа да се поттикнува наспроти трговијата и продажбата, вели Пешева, со која разговаравме на повеќе теми кои ја засегаат благосостојбата на животните во државава, како и начинот на кој треба да се решат проблемите со бездомните животни во државав.
Таа вели дека фокусот на Здружението, кое многумина не знаат и воопшто со што се занимава, е да делува институционално за поголема слобода на животните и обезбедување максимална благосостојба. Со нивно влијание се забрани одгледувањето на животни за крзно и кожа и се забранија циркуси со диви животни како и нивно транзитирање низ државава.
Според неа во Македонија кучето се’ уште има употребна вредност, тоа е некој кој треба да ја чува куќата, да биде врзан на ланец осамен во двор, да му се фрла корка леб бидејќи е животно и ќе најде начин да преживее, да се пушти навечер сам да се прошета и кога ќе се спари, нормално леглото да се фрли до најблискиот контејнер или покрај пазарче, река, автопат или слично, со други зборови кучето е потрошен материјал.
Целото интервју на следниот линк!