57
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека цитирањето на рускиот претседател Владимир Путин од страна на американскиот претседател Доналд Трамп не може да се смета за сигнал за приближување меѓу Русија и САД.
Песков одговори на објавата на Трамп на социјалната мрежа „Truth Social“, во која тој сподели линк до изјавите на Путин за европските елити, нагласувајќи дека тоа повеќе ја одразува политичката агенда на Трамп отколку вистинска промена во односите меѓу двете земји, пренесе РИА Новости.
Тој посочи дека контактите меѓу Русија и САД се интензивирани преку одредени канали и дека е важно изјавите на Путин да се анализираат и во Вашингтон за подобро да се разбере руската позиција.